Sayed Khodaberdi Sadat
05 Ноември 2017•Ажурирај: 06 Ноември 2017
КАБУЛ (АА) - Најмалку еден американски војник загина во судирите со талибанските милитанти во Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Од воената команда на САД во Авганистан потврдија дека е примен тешко повреден војник по синоќешната операција во покраината Логар.
И минатата недела најмалку еден американски војник загина, а шест беа повредени при пад на хеликоптер во покраината Логар.
Логар е источна авганистанска покраина, јужно од главниот град Кабул.
Според американското Министерство за одбрана, најмалку 2.200 американски војници загинале во Авганистан во изминатите 16 години, колку што трае американската интервенција во Авганистан.