Ecenur Çolak
23 Март 2017•Ажурирај: 24 Март 2017
АНКАРА (АА) - Поради вчерашниот напад на турско-сириската граница во кој е убиен еден турски војник, Министерството за надворешни работи на Република Турција го повика на разговор отправникот на работите на руската амбасада во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Вчера, на границата во јужната област Хатај, од подрачјето што го контролира групата ПЈД беше убиен со снајпер еден турски војник.
По тој повод, во Министерството за надворешни работи во Анкара беше повикан отправникот на работите на руската амбасада, при што му беше пренесено дека Турција жестоко ќе одговори на нападот на тоа подрачје, доколку се повтори сличен напад.
Причината за повикувањето на вршителот на должност на рускиот амбасадор е поддршката што Русија ѝ ја дава на ПЈД/ПКК.
„Турција очекува Русија да ја затвори канцеларијата на ПЈД во Москва“, изјави портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хусеин Муфтуоглу.
Муфтуоглу изјави дека вчера, од подрачјето на сирискиот град Африн е извршен напад на Турција, а поради тоа што во согласност со договорот, Русија е одговорна за надзорот на кршењето на примирјето во тој регион, упатено е предупредување на руската дипломатска мисија во Анкара.