Mustafa Yıldız
08 Ноември 2017•Ажурирај: 08 Ноември 2017
КАЈСЕРИ (АА) - Озлогласениот припадник на терористичката организација ДЕАШ, Ирачанецот Абдулхалек Абдулкадер Али беше уапсен во турскиот град Кајсери, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за терористот чие видео кружеше на социјалните мрежи, а во него се гледа како тој го ликвидира својот брат кој беше противник на ДЕАШ.
Од турската полиција соопштија дека акцијата е извршена во турскиот град Кајсери, по дојавата дека ирачкиот терорист влегол на територијата на Турција и се наоѓа во овој град.
Покрај Али, полицијата во Кајсери уапси најмалку три лица поврзани со терористичка организација ДЕАШ.
Уапсените се префрлени во полициската зграда, каде што во тек е криминалистичка истрага.