Sertaç Bulur
26 Декември 2022•Ажурирај: 28 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Уште двајца терористи на ПКК го положија оружјето и им се предадоа на турските безбедносни сили, соопшти денес Министерството за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството соопшти дека тие побегнале од терористичката оранизација благодарение на напорите за убедување на турската полиција и силите на жандармеријата и на крајот се предале.
Терористите се приклучиле на ПКК во 1993 година и биле активни во Ирак и Иран.
Со последните предавања, бројот на терористи кои го положија оружјето преку напори за убедување оваа година се зголеми на 124, се додава во соопштението.
Во Туркије, престапниците поврзани со терористичките организации кои се предаваат, имаат право на можно намалување на казната според законот за покајание.
Според турските власти, во последниве години терористичката организација ПКК е погодена и деморализирана од успешните операции на турските безбедносни сили и ги губи свои членови, а не привлекува нови.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.