Seda Sevencan
26 Декември 2022•Ажурирај: 27 Декември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските безбедносни сили започнаа уште една антитерористичка операција во југоисточниот дел на земјата, соопшти денес Министерството за внатрешни работи на Република Туркије, јавува Агенција Анадолија (АА).
Операцијата наречена „Ерен Аблука есен зима-19 (Ширнак-Бестлер Дерелер) загинатиот наредник на жандармеријата Серкан Унсал-1“, започна во областа Ширнак со 470 припадници на безбедносните сили.
На првиот ден од операцијата беа пронајдени две пештери и 10 засолништа при претресот на земјиштето извршен во руралното подрачје на областа Бестлер-Дерелер.
При претресите запленети се импровизирана експлозивна направа на далечински управувач, две туби, два килограми храна и поголема количина на материјали и облека. Тие, заедно со засолништата, се уништени.
Туркије ги покрена операциите Ерен минатата година, именувајќи ги по Ерен Булбул, 15-годишно момче убиено од терористичката група ПКК на 11 август 2017 година.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.