Ekrem Payan
23 Август 2016•Ажурирај: 23 Август 2016
ШИРНАК (АА) - Во селото Андач, кое се наоѓа во областа Улудере во Ширнак, терористите на ПКК од автоматско оружје отвориле оган врз екипите за деактивирање на експлозивни направи, кои се обидувале да го отстранат експлозивот поставен на патот, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, една воена екипа од баталјонот во Андач го истражувала теренот во областа Улудере, во селото Андач, при што на патот забележала рачно изработен експлозив, поставен од страна на терористите на ПКК. Додека експертите за деактивирање на експлозивни направи ја испитувале екплозивната направа, терористи на ПКК отвориле оган врз нив.
Во оружениот судир, тешко беа повредени еден поручник и еден војник. И покрај дадената медицинска помош во државната болница во Улудере, поручникот и војникот им подлегнале на повредите.
Во меѓувреме, во реонот започна операција за апсење на извршителите, поддржана од страна на воздушните сили.