İzzet Mazi
23 Август 2016•Ажурирај: 23 Август 2016
КИЛИС (АА) - Три ракети испукани од Сирија паднаа на турскиот пограничен град Килис, јавува Anadolu Agency (AA).
Ракетите паднаа на ненаселено поле и според првичните информации нема загинати, ниту повредени.
Според сознанијата на АА, ракетите се испукани од сирискиот град Азаз во кој траат судирите. Само неколку минути по лансирањето, ракетите паднале на ненаселен простор.
На подрачјето каде паднаа ракетите беа испратени полициски екипи. Припадниците на турските оружени сили (ТСК) возвратија со оган.