Mümin Altaş,Sinan Uslu
23 Август 2016•Ажурирај: 23 Август 2016
АНКАРА (АА) - Под претседателство на турскиот премиер Бинали Јилдирим, по вторпат во премиерската палата во Чанкаја, Анкара, започна состанокот на Врховниот воен совет (YAŞ), јавува Anadolu Agency (AA).
Под водство на премиерот Јилдирим, делегацијата го посети мавзолејот Аниткабир на Ататурк во Анкара, по што членовите на Советот преминаа во премиерската палата во Чанкаја, каде што започна состанокот на Врховниот воен совет.
По обидот за државен удар на 15 јули од страна на терористичката организација ФЕТО, во рамките на воведената вонредна состојба, беше донесен указ со кој беа извршени измени во законот за структурата на Врховниот воен совет.
Во тие рамки, под претседателство на премиерот Јилдирим, на состанокот учествуваат началникот на генералштабот на турската армија генерал Хулуси Акар, вице-премиерите Нуретин Џаникли, Нуман Куртулмуш, Мехмет Шимшек, Тугрул Туркеш, Вејси Кајнак, министерот за правда Бекир Боздаг, министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, министерот за внатрешни работи Ефкан Ала, министеерот за национална безбеност Фикри Ишик, командантот на копнените сили генерал Салих Зеки Чолак, командантот на поморските сили адмирал Булент Бостаноглу и командантот на воздушните сили, генерал Абидин Унал.
Пред обидот за државен удар, во седиштето на Генералштабот на турската армија се одржа состанок, оквалификуван како „многу таен". По обидот за државен удар, по вторпат се одржува состанок на Врховниот воен совет во премиерската палата, надвор од неговото седиште.
На состанокот посебно ќе стане збор за продолжување на должноста на подобните подофицери во армијата.
Од друга страна, поради состанокот во премиерската палата, во околината се преземени високи безбедносни мерки. Еден полициски хеликоптер го надгледува просторот над палатата во Чанкаја, додека просторот околу палатата го обезбедуваат екипи од специјалните полициски единици со оклопни возила.