Erkan Avci
23 Август 2016•Ажурирај: 23 Август 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Џо Бајден, утре, 24 август, ќе допатува во посета на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според програмата, Бајден во утринските часови ќе пристигне во турскиот главен град Анкара. По слетувањето на аеродромот Есенбога, ќе се упати во зградата на Големото народно собрание на Турција, каде што ќе се сретне со претседателот Исмаил Караман.
Состанокот ќе биде затворен за медиумите, а Бајден ќе ги посети и просториите на Собранието кои беа бомбардирани на 15 јули, во ноќта на обидот за државен удар.
Во попладневните часови, американскиот потпретседател ќе има средба со премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, по што ќе им се обрати на медиумите. На крај, во претседателската палата Бајден ќе го пречека и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
И состанокот со Ердоган ќе биде затворен за медиумите. Во вечерните часови Бајден ќе ја заврши посетата на Турција.