Mustafa Keleş
23 Август 2016•Ажурирај: 23 Август 2016
ЊУЈОРК (АА) - Советот за безбедност на ОН го осуди терористичкиот напад во Газиантеп и нападите кои минатата недела ги изврши ПКК, земајќи ги како цел полициските станици во неколку градови во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Одлуката e донесена едногласно од страна на сите членови на Советот, и во соопштението за медиумите се вели дека најостро се осудува терористичкиот напад, кој на еден низок и кукавички начин e изведен на свадба во Газиантеп.
Во соопштението се наведува дека се осудуваат и терористичките напади кои минатата недела беа извршени во одредени градови во Турција, при што животот го загубија голем број полицајци и цивили, но во текстот не се наведува името на терористичката органзиација ПКК.
Во соопштението им се израува сочуство на семејствата на загинатите, на турскиот народ и владата, истакнувајќи дека тероризот во сите свои видови, претставува најголема закана за меѓународниот мир и безбедност.
Во сопштението се укажува и на важноста сите одговорни за овие напади да бидат изведени пред лицето на правдата, повикувајќи ги сите земји-членки на ОН, да соработуваат со турската влада по ова прашање.