Mümin Altaş,Sarp Özer
22 Август 2016•Ажурирај: 22 Август 2016
АНКАРА (АА) - Утре во Анкара ќе се состане Врховниот воен совет (YAŞ), а под претседателство на премиерот Бинали Јилдирим, состанокот ќе се одржи во премиерската палата во Чанкаја, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на вонредната состојба по обидот за државен удар на 15 јули, изработен е декрет за измени и надополнувања на Законот за структурата на Врховниот воен совет, според кој во него ќе учествуваат премиерот, началникот на Генералштабот на армијата на Турција, вице-премиерот, министерот за правда, министерот за надворешни работи, министерот за внатрешни работи, министерот за национална заштита и командантите на вооружените сили.
Минатата недела гостин на уредничкиот деск на Anadolu Agency беше министерот за национална одбрана Фикри Ишик, кој соопшти дека во месец август се очекува да се состане Врховниот воен совет на кој особено ќе стане збор за продолжување на мандатот на подобните подофицери.
По средбата која се одржала во салата „Чакмак" во седиштето на Генералштабот на турската армија, квалификувана како „многу тајна” пред обидот за државен удар, на 28 јули, за првпат под претседателство на премиерот Јилдирим се одржа средба на Врховниот воен совет во премиерската палата во Чанкаја, надвор од седиштето на Генералштабот на турската армија, на која покрај извршените унапредувања и именувања во редовите на турските Оружени сили, стана збор и за деталите околу обидот за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО.