Fatma Bülbül
22 Август 2016•Ажурирај: 23 Август 2016
ИЗМИР (АА) - Терористичката организација ФЕТО на Фетулах Ѓулен, има силна структура на Балканот, изјави претседателот на Балканскиот центар за стратешки студии, Рифат Саит, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Балканот е место каде што ФЕТО е најсилен. Припадниците на ФЕТО зазедоа важни места во Албанија. Додека бев претседател на турско-албанската меѓупарламентарна група на пријателства, членовите на ФЕТО стоеја со службената делегација” , изјави Саит
Според него, Турција очекува балканските земји да се однесуваат како пријатели на Турција.
Во врска со тоа тој го пофали и фактот дека Турција примила информации за некои турски војници пропучисти од Балканот.
„Да речеме, добивме известување дека некои војници пропучисти кои со хеликоптер побегнале во Грција би можеле да се прокриумчарат низ Бугарија” , потсети Саит.
Станува збор за осум турски војници кои ден по обидот за државен удар во Турција на 15 јули оваа година, побегнале за Грција со украден воен хеликоптер.
Турција побара од Грција изрекување на споменатите војници ветувајќи им праведно судење. Во петок во Атина започна сослушувањето на војниците по прашањето за азил.
Грција од Турција минатиот четврток прими службено барање за испорачување на војниците обвинети за кршење на турскиот устав преку сила и насилство.
Обидот за државен удар кој во ноќта на 15 јули остави 240 загинати и речиси 2.200 повредени, го извршија припадници на терористичката организација ФЕТО, под водство на Фетулах Ѓулен, кој од 1999 година престојува во САД.