Gözde Bayar
01 Август 2019•Ажурирај: 02 Август 2019
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, ги објави донесените одлуки на денешниот состанок на Врховниот воен совет на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Калин соопшти дека 14 генерали и адмирали биле унапредени во службата за еден ранг. Исто така, 40 полковници се унапредени во генерали и адмирали од 30 август.
Со ова бројот на генерали и адмирали во турските вооружени сили од 241 паѓа на 233.
Еден генерал ќе замине во пензија на 1 септември, додека 47 генерали и адмирали ќе се пензионираат од 30 август.
„Генерал-мајор Ирфан Озсерт е унапреден во генерал-полковник во рамките на Командата на турските копнени сили“, истакна Калин.
Врховниот воен совет на Турција го одржа својот годишен летен состанок во Претседателскиот комплекс со кој претседаваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Состанокот, кој ја постави агендата за воените сили во Турција и вообичаено се занимава со унапредувања, отпуштања од служба и други решенија поврзани со припадниците на вооружените сили, траеше еден и пол час.