Muhammet Emin Avundukluoğlu
06 Октомври 2021•Ажурирај: 07 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Турското Претседателство денеска поднесе предлог до Парламентот со кој се бара продолжување на распоредувањето на турските војници во Централноафриканската Република (ЦАР) и Мали, како дел од мировните мисии, јавува Агенција Анадолија (АА).
Откако предлогот ќе биде одобрен, продолжувањето на распоредување на војниците ќе биде ефективно една година, сметајќи од 31 октомври.
Во септември 2014 година, Мировните сили на ОН со 12.000 војници, Мултидимензионалната интегрирана мисија за стабилизација во Централноафриканската Република (MINUSCA), започнаа со распоредување во проблематичната централноафриканска земја.
Во меѓувреме, Советот за безбедност на ОН во 2012 година усвои резолуција со која се одобрува распоредување на Меѓународна мисија за поддршка на Африка во Мали, позната како АФИСМА.