Sarp Özer
06 Октомври 2021•Ажурирај: 07 Октомври 2021
ТЕЛАВИ (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, изјави дека Грција не треба да биде испровоцирана од други против Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Нагласувајќи дека Турција отсекогаш верувала во мирно решение во согласност со меѓународното право и добрососедските односи, тој истакна дека Анкара се залага за дијалог со Атина.
Министерот Акар ги даде овие забелешки за новинарите по состанокот со грузискиот министер за одбрана, Јуаншер Бурчуладзе и азербејџанскиот министер за одбрана, Закир Хасанов.
Осврнувајќи се на неодамнешниот инцидент во кој грчкиот истражувачки брод „Наутикал Гео“ беше пресретнат додека се обидуваше да го наруши турскиот континентален гребен, Акар нагласи дека Грција продолжува да се занимава со провокации и прекршувања, и покрај предупредувањата на Турција.
„Иако Турција се залага за дијалог и мирно решение, таа нема да дозволи да се прекршуваат нејзините права и правата на кипарските Турци“, рече Акар.
Исто така, коментирајќи ги неодамнешните набавки на оружје од страна на Грција, Акар повтори дека Грција не треба да дозволи одредени земји да ја испровоцираат против Турција, истакнувајќи дека таквите постапки нема да бидат од корист за Грција.
„Турција никогаш не била закана за која било страна, туку напротив, секогаш бил кредибилен, силен и ефикасен сојузник“, заклучи Акар.
Турција, земја со најдолг континентален гребен во Источниот Медитеран, ги отфрли тврдењата за поморските граници на грчката администрација и на кипарските Грци и истакна дека овие прекумерни тврдења ги кршат суверените права и на Турција и на кипарските Турци.
Турските лидери постојано нагласуваа дека Анкара е за решавање на сите отворени проблеми во регионот преку меѓународното право, добрососедските односи, преку дијалог и преговори.