Ahmet Gençtürk
13 Јануари 2021•Ажурирај: 13 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека уште двајца терористи на ПКК се предале на безбедносните сили во Турција, како резултат на напорите за убедување од страна на жандармеријата и полициските сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се вели дека еден од терористите се придружил на ПКК во 2010 година, додека другиот терорист кон терористичката организација се приклучил во 2014 година. Двајцата биле активни во Ирак.
„Бројот на терористи кои се предадоа преку кампањата за убедување од почетокот на годината достигна 3“, се нагласува во соопштението.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.