Büşra Nur Çakmak
13 Јуни 2021•Ажурирај: 14 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Речиси 450.000 дози на вакцини против коронавирусот се администрирани во текот на вчерашниот ден во Турција, соопшти турскиот министер за здравство Фахретин Коџа рано утрово, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Вкупно 449.684 дози од вакцините се дадени вчера, 12 јуни. 99,485 отсто од оние што закажаа вакцинација дојдоа и се вакцинираа“, напиша Коџа на Твитер.
„Ние сме чекор поблиску до нормалниот живот. Благодарам“, додаде турскиот министер.
Според податоците на Министерството, Турција досега има аплицирано над 33,32 милиони дози од започнувањето на масовната кампања за вакцинација во јануари. Повеќе од 19,67 милиони луѓе ја имаат примено првата доза, додека над 13,64 милиони се целосно вакцинирани.
Турција регистрира 6.076 нови случаи на коронавирусот. Вкупниот биланс на случаи изнесува над 5,32 милиони, додека бројот на починати е 48.668, вклучувајќи ги и 75 нови смртни случаи.
За да се спречи ширењето на вирусот, во Турција воведен е полициски час од 22 часот до 5 часот наутро од понеделник до сабота, а целосен карантин е на сила во неделите.