Hasan Hüseyin Kulaoğlu,Halil Demir
13 Јуни 2021•Ажурирај: 14 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 14 лица се приведени во Истанбул поради поврзаност со терористичката организација ДЕАШ и зоните на конфликт, соопштија денес безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Обласните единици за борба против тероризмот на 11 јуни истовремено извршија рации на 20 адреси во 13 окрузи во Истанбул и ги спроведоа приведувањата“, соопштија безбедносни извори под услов на анонимност.
Во 2013 година, Турција стана една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Оттогаш ДЕАШ во земјата изврши повеќе терористички напади, односно најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, седум бомбашки напади и четири вооружени напади, во кои загинаа над 300 лица, а стотици беа повредени.
Како одговор, Турција започна антитерористички операции дома и во странство за да спречи нови напади.