Handan Kazancı
12 Јуни 2021•Ажурирај: 14 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Статуа на жена, стара 1.800 години, е откриена во западната турска област Измир, соопштија денес турските власти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во објава на Твитер, Одделот за ископувања при Министерството за култура и туризам на Турција истакна дека статуата е пронајдена во античкиот град Метрополис, што се наоѓа во подрачјето на Торбали во Измир. „Нашите ископувања ќе продолжат во 2021 година“, се додава од Министерството.
Исто така, беше споделено видео во времетраење од 39 секунди во кое се прикажува процесот на откривање на античката статуа.
Античкиот град Метрополис се наоѓа на 40 километри од западниот турски град Измир и на 45 километри од светски познатиот антички град Ефес.
На локалитетот, што носи траги од класичниот, хеленистичкиот, римскиот, византискиот и османлискиот период, со години се спроведуваат ископувања како дел од проектот заеднички реализиран од турското Министерство за култура и туризам и Универзитетот „Џелал Бајар“.