Балкан, Коронавирус

Во Северна Македонија бројот на аплицирани дози на вакцини против Ковид-19 надмина 1,6 милиони

„Педесет и четири отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина“

Furkan Abdula  | 27.10.2021 - Обновена : 28.10.2021
Во Северна Македонија бројот на аплицирани дози на вакцини против Ковид-19 надмина 1,6 милиони

СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија бројот на аплицирани дози на вакцини против новиот вид коронавирус (Ковид-19) надмина 1,6 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштeнието на Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 6.089 дози вакцини, од кои 709 се аплицирани како прва доза, 1.148 се ревакцинирани, а 4.232 граѓани примиле трета доза вакцина.

„Заклучно со 26 октомври вкупно се вакцинирани 802.705 граѓани, ревакцинирани се 772.424, а трета доза примиле 20.119 граѓани. Педесет и четири отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина“, се вели во соопштението.

„Вкупно се аплицирани 1.604.833 дози вакцини“, се додава во соопштението.

Се истакнува дека опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години.

„Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина“, се додава во соопштението на Министерството.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.