Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани 444 новозаразени и 8 починати од Ковид-19

Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.087

Ekipa  | 27.10.2021 - Обновена : 28.10.2021
Северна Македонија: Регистрирани 444 новозаразени и 8 починати од Ковид-19

СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 444 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 200.856, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во истиот период пријавени се 8 починати лица од Ковид-19. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 пријавени се 7 починати лица со датум на смрт од 03.09. до 24.10.2021 година. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.087.

Институтот за јавно здравје регистрира 225 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 187.374.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 6.395.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.210 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.372.834 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.