Adel Omeragic,Lejla Biogradlija
27 Октомври 2021•Ажурирај: 28 Октомври 2021
ПОДГОРИЦА (АА) - Во црногорскиот главен град Подгорица пристигнаа 100.000 дози вакцини против Ковид-19 кои се донирани од страна на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Донацијата од 100.000 вакцини на „Синовак“ ја прими министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиниќ Бојовиќ.
Црногорската министерка нагласи дека донацијата од вакцини на Турција е показател на добрите односи меѓу двете земји.
Министерката за здравство на Црна Гора упати апел до граѓаните да се вакцинираат.
Меѓу другото, амбасадорката на Турција во Подгорица, Сонѓул Озан, рече дека преку солидарност и помош полесно може да се води борба против Ковид-19.
Озан истакна дека со вакцинирање побрзо може да се стави крај на пандемијата.