Коронавирус

Со 1.123 смртни случаи поради Ковид-19, во Русија забележан нов рекорд на починати на дневно ниво

- Во Русија со 1.123 смртни случаи поради Ковид-19 е регистрирана „највисока бројка“ на починати во последните 24 часа на дневно ниво од почетокот на епидемијата на новиот тип на коронавирус, зголемувајќи го вкупниот број на починати на 233.898

Dmitri Chirciu  | 27.10.2021 - Обновена : 28.10.2021
Со 1.123 смртни случаи поради Ковид-19, во Русија забележан нов рекорд на починати на дневно ниво Фото: Архива / АА

МОСКВА

Во Русија со 1.123 смртни случаи поради Ковид-19 е регистрирана „највисока бројка“ на починати во последните 24 часа на дневно ниво од почетокот на епидемијата на новиот тип на коронавирус, зголемувајќи го вкупниот број на починати на 233.898, известува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Центарот за контрола и превенција на инфекции со коронавирус во Русија, бројот на новозаразени со Ковид-19 во последните 24 часа изнесува 36.582, вкупно 8.352.601 од почетокот на заразата, додека бројката на оздравени се зголеми на 7.242.735, од кои 29.151 во последното деноноќие.

Во последните 24 часа од последици на заразеност со Ковид-19 во земјата починаа 1.123 лица, што претставува нов рекорден број на починати во Русија на дневна основа од почетокот на епидемијата, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати на 233.898.


- Заострени се мерките против ширењето на Ковид-19

Претседателот на Русија Владимир Путин на 25 октомври нареди заострување на мерките во борбата против ширењето на Ковид-19 низ земјата.

Во Русија каде што се вакцинирани над 49 милиони луѓе, на 25 октомври беа детектирани 37.930 новозаразени, што претставува „највисока бројка на новозаразени“ на дневна основа од почетокот на епидемијата, додека вчера беа регистрирани 1.106 смртни случаи од последици на заразеност со Ковид-19.

Во Русија во која првиот случај на зараза со Ковид-19 е детектиран на 31 јануари 2020 година, првиот смртен случај од коронавирус е регистриран на 19 март 2020 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.