Ayhan Şimşek
27 Октомври 2021•Ажурирај: 28 Октомври 2021
БЕРЛИН (АА) - Во Германија денес е регистриран најголем број на новозаразени со коронавирусот од април, во период кога земјата се подготвува за можно зголемување на бројот на заразени во текот на зимата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Институтот „Роберт Кох“ објави дека во последните 24 часа регистрирани се 23.212 случаи на коронавирусот и 114 смртни случаи предизвикани од вирусот. Последен пат кога Институтот регистрира над 23.000 заразени лица беше на 30 април.
Бројот на активни случаи во Германија се зголеми на 174.000, означувајќи ново високо ниво во тековниот четврти бран на пандемијата.
Институтот предупреди дека бројот на заразени најверојатно ќе се зголеми во наредните недели, бидејќи луѓето поминуваат повеќе време во затворени простории за време на постудените есенски и зимски месеци, додека голем број луѓе остануваат невакцинирани.
Досега во Германија целосно вакцинирани се 55,2 милиони луѓе или 66,4 отсто од населението.
Целта на Владата беше целосно да се вакцинира најмалку 70 отсто од населението до крајот на летото.