БОГОТА
Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 ја предизвика смртта на 2.032 лица во Бразил, 221 во Мексико, 452 во Аргентина, 689 во Колумбија, 144 во 102, 51 во Чиле, 85 во Боливија, 113 во Парагвај, 49 во Гватемала, 35 во Хондурас и 39 во Уругвај.
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 2.032 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 509.141.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 73.602, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 18.243.483.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 16.511.701 лице претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 221 лице заразени со коронавирусот, а детектирани се 5.340 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 232.068 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 2.493.087. Досега во оваа земја оздравеа 1.982.674 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 452 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 91.438. Во истиот период детектирани се 24.463 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 4.350.564.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 3.967.633 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина, според бројот на лица позитивни на вирусот, се наоѓа на осмото место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 689 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 102.636.
Во последното деноноќие детектирани се 32.997 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 4.060.013. Во оваа земја досега оздравеа 3.769.887 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 10. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 102 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.456 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на над 2.040.186, од кои животот го загубија 191.286 лица, а оздравеа над 1.997.830 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
Перу се наоѓа на петтото место во светот според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 51 лице од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 31.797.
Во истиот период регистрирани се нови 3.448 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.531.872, а оздравеа вкупно 1.468.137 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 85 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 2.430.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 429.178, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 16.414. Досега оздравеа 348.915 лица позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 113 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 1842 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 413.457, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 12.086.
Досега оздравеа 354.697 лица позитивни на коронавирусот.
- Гватемала
Според вестите објавени во медиумите во Гватемала, во последните 24 часа регистрирани се 49 смртни случаи предизвикани од заразување со Ковид-19, вкупно 8.894 од почетокот на епидемијата на коронавирусот во оваа земја. Во истиот период детектирани се 1.967 новозаразени, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се искачи на 286.708.
Досега во оваа земја оздравеа 258.646 лица кои биле заразени со коронавирусот.
- Хондурас
Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја од последиците на заразувањето со коронавирусот животот го загубија 35 лица, додека Ковид-19 е детектиран кај 1.155 лица.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Хондурас изнесува 256.818, додека од почетокот на пандемијата досега, во оваа земја од последиците на заразувањето со Ковид-19 животот го загубија 6.879 лица, а оздравеа 92.187 лица кај кои претходно е детектиран коронавирусот.
- Уругвај
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 39 лица од последиците на заразувањето со коронавирусот, со што вкупната бројка на смртни случаи достигна 5.413.
Во истиот период детектирани се 1.770 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 361.994 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 334.971 лице заразени со Ковид-19.