Ahmet Sertan Usul
25 Јуни 2021•Ажурирај: 26 Јуни 2021
АНКАРА
Во Анкара, главниот град на Турција, започна вакцинацијата на лицата на возраст од 18 и повеќе години, како дел од борбата против Ковид-19, известува Агенција Анадолија (АА).
Лицата на возраст меѓу 18 и 24 години, кои дошле во Градската болница во Анкара со закажување, ја примија првата доза на вакцината против Ковид-19.
Дваесетгодишниот Алпер Полат, изјавувајќи дека не почувствувал болка при вакцинирањето и немал никакви проблеми, продолжи со зборовите: „Вакцинацијата треба да се спроведе што е можно поскоро за да можат да се отворат универзитетите. Образованието на далечина (онлајн) многу нè измачи. Мислам дека сите мора да бидат вакцинирани. Во спротивно, не можеме да обезбедиме надминување на Ковид-19. Предуслов е спроведување на вакцинација за да се отворат универзитетите и образованието да биде подобро.“
Дваесет и двегодишната Дерин Чолак рече дека бргу завршила со вакцинацијата во болницата во која дошла по претходното закажување преку интернет, изразувајќи ја својата среќа што е вакцинирана.
Препорачувајќи им на младите да се вакцинираат, Чолак изјави: „Мислам дека колку побрзо сите ќе се вакцинираат, толку е подобро. Со месеци го чекав овој момент и дојдов да се вакцинирам.“