Asiye Latife Yılmaz
27 Ноември 2025•Ажурирај: 27 Ноември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција денес изрази сочувство до Хонгконг поради смртоносниот пожар во станбениот комплекс во населбата Таи По во кој животот го изгубија десетици луѓе, јавува Анадолу.
Министерството за надворешни работи преку соопштение истакна дека Анкара е „длабоко нажалена“ од загубата на животи предизвикана од пожарот што избувна вчера.
„Изразуваме сочувство до семејствата на оние што ги загубија животите и до народот на НР Кина (Народна Република Кина)“, се додава во соопштението.
Во најголемиот пожар во Хонгконг во последните години загинаа најмалку 83 лица, меѓу кои и еден пожарникар, а 76 се повредени, според весникот „Саут Чајна морнинг пост“. Многумина сè уште се водат како исчезнати, а противпожарните екипи продолжуваат со операциите.