Asiye Latife Yılmaz
27 Ноември 2025•Ажурирај: 28 Ноември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Шефот на државата Ватикан и поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, денес изјави дека Турција има важно место и во сегашноста и во иднината на Медитеранот и пошироко во светот, пофалувајќи ја земјата за вреднувањето на нејзината внатрешна разновидност, јавува Анадолу.
Во заедничкото обраќање со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во турската престолнина Анкара, папата Лав XIV, исто така, предупреди дека глобалните конфликти би можеле да го отворат патот за трета светска војна, велејќи дека „е во прашање иднината на човештвото“ и дека никако не смеат да попуштат пред тоа.
Тој додаде дека по трагедиите од двете светски војни, во кои беа изградени големи меѓународни организации, сега доживуваат фаза обележана со зголемено ниво на конфликт на глобално ниво, поттикната од преовладувачките стратегии на економска и воена моќ.