Gözde Bayar
13 Јануари 2021•Ажурирај: 13 Јануари 2021
АДАНА (АА) - Турските власти издадоа налози за приведување за 55 лица поради нивна поврзаност со организиран криминал, соопштија безбедносни извори рано утринава, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обвинителите во јужната турска област Адана издадоа налози за приведување на осомничените, меѓу кои 11 полицајци и еден полициски комесар, соопштија изворите, кои побараа да останат анонимни.
Осомничените се товарат за формирање криминално здружување, убиство, трговија со оружје и дрога и грабежи.
Во рациите рано утринава, полицијата приведе неколку од осомничените.
Осомничените се однесени во седиштето на полицијата по медицинските прегледи во локалната болница.