Yılmaz Kazandıoğlu
26 Септември 2017•Ажурирај: 26 Септември 2017
ХАКЌАРИ (АА) - Неутрализирани се тројца припадници на терористичката организација ПКК, кои извршија напад врз воен конвој во југоисточната област Хакќари во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористите на ПКК на полноќ извршија ракетен напад врз конвојот на турската војска во подрачјето Чукурџа, на турско-ирачката граница.
Од Канцеларијата на гувернерот на Хакќари наведено е дека по нападот, со помош на беспилотно летало биле лоцирани терористите. Неутрализирани се жена и двајца мажи.
Тие истакнаа дека за време на акцијата, меѓу останатото се запленети две ракети, три автоматски пушки „калашников“, како и торба за поставување бомба.
Терористичката организација ПКК се наоѓа на листа на терористички оранизации во Турција, САД и во ЕУ. Освен во Турција, ПКК дејствува и во северниот дел на Ирак и во Сирија, каде што дејствува огранокот на ПКК, ПЈД/ЈПГ.