Ahmet Sertan Usul
07 Ноември 2018•Ажурирај: 08 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - За време на минатонеделните операции на подрачјето на турската југоисточна област Ширнак, турските сили неутрализираа еден од најбараните терористи на ПКК, Муслим Фиртина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека во антитерористичката операција во подрачјето на Силопи биле неутрализирани најмалку 15 припадници на терористичката организација ПКК, а дека меѓу нив бил и Фиртина.
Станува збор за терорист кој важеше за водач на фронтот на ПКК во тој регион и кој го користел кодното име „Ризгар Генер“.
Неутрализираниот Фиртина се наоѓал и на „зелената листа“ на барани терористи во Турција, а Министерството за внатрешни работи нудеше и парична награда во износ од милион лири (190.000 долари) за информација која можеше да доведе до негово фаќање.
Терористите се неутрализирани во нападот кој на терористичко засолниште на планината Џуди, турските воздушни сили го извршија со беспилотни летала.