Faruk Zorlu
08 Ноември 2018•Ажурирај: 09 Ноември 2018
АДАНА (АА) - Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, денес изјави дека терористичката организација ПКК контролира 80 отсто од трговијата со дрога во Европа, и со тоа заработува околу 1,5 милијарда долари годишно, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на состанокот за борбата против зависноста, во јужната област Адан, Сојлу изјави дека терористичките организации продаваат дрога и купуваат оружје.
„ПКК, особено во Европа, контролира 80 отсто од трговијата со дрога. Се проценува дека од тоа годишно заработува околу 1,5 милијарда долари“, нагласи Сојлу.
Во врска со домашните операции против трговијата со дрога, Сојлу изјави дека бројот на операциите се зголемил за 29 отсто во првите десет месеци од 2018 година во споредба со истиот период минатата година.
„Во 2017 година се извршени 70 операции против трговците со дрога, додека во првите 10 месеци од 2018 година се извршени 68 операции“, додаде Сојлу.
Сојлу, исто така ги критикуваше САД за нивната поддршка на сириските ограноци на терористичката организација ПКК - ПЈД и ЈПГ, со што помага во подгревањето на трговијата со дрога.
„САД ја снабдуваат ПЈД со 5.000, 10.000 и 15.000 камиони со оружје“, обидувајќи се да ја направат Турција транзитна рута за дрогата, додаде Сојлу.
Велејќи дека овој тероризам е против турската цивилизација, Сојлу изјави дека земјата не го заслужува тоа.
Турција постојано се противи на поддршката на САД за ПКК/ПЈД, кои ја сметаат терористичката организација за доверлив партнер во Сирија, при што поддршката вклучува обезбедување на оружје и опрема.
Во последниве денови турските официјални претставници ги засилија повиците до САД да ги прекинат врските со терористичката организација ПЈД/ЈПГ.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.