Seyit Ahmet Aytaç
07 Ноември 2018•Ажурирај: 07 Ноември 2018
ИЗМИР (АА) - Најмалку 70 нерегуларни мигранти се фатени во западна Турција, соопштија безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во турската област Измир 42 нерегуларни мигранти (вклучувајќи жени и деца) се фатени во подрачјето Сеферихисар“, истакнаа изворите кои сакаа да останат анонимни.
Мигрантите, од кои сите се со пакистанско потекло, се обидувале со чамец да преминат во Грција преку грчките острови.
Исто така, во северозападната област Чанаккале, за време на безбедносните патроли во подрачјето Езине се фатени 28 мигранти од Авганистан, меѓу кои се наоѓаат жени и деца.
Сите мигранти се упатени во обласните канцеларии за миграции.
Турција претставува главна рута за нерегуларните мигранти кои се обидуваат да стигнат во Европа, особено од 2011 година, кога изби Граѓанската војна во Сирија.