Muhammed Nuri Erdoğan
01 Јули 2020•Ажурирај: 03 Јули 2020
АНКАРА
Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека од Турција се депортирани 9 странски терористички борци државјани на Белгија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави турското МВР се вели дека продолжува депортацијата на странските терористички борци во матичните земји.
Депортирани се 9 странски терористички борци државјани на Белгија. Од 11 ноември 2019 година досега од Турција се депортирани вкупно 338 странски терористички борци од повеќе земји, меѓу кои 113 државјани на земјите на ЕУ, САД и Австралија.