Merve Aydoğan
29 Септември 2017•Ажурирај: 30 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим денеска изјави дека Турција ќе ги суспендира сите летови од својата земја во градовите Сулејманија и Ербил во Регионалната курдска управа на северот на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во петок во 18.00 часот се запрени сите летови од Турција за Сулејманија и за Ербил. Летовите се стопирани на неограничен период. Во согласност со претходна одлука на Генералната дирекција на цивилното воздухопловство на Ирак и ние нема да вршиме летови во Сулејманија и Ебил", рече Јилдирим во текот на посетата на западниот турски град Чанаккале, каде присуствуваше на церемонијата по повод почетокот на академската година на Универзитетот 18. март.
Генералната дирекција на цивилното воздухопловство на Ирак во среда соопшти дека во петок, на 29 септември, од 18 часот по локално време, ќе бидат запрени сите летови на аеродромите во Ерби и Сулејманија, како и од тие аеродроми до Турција.
Туркиш Ерлајнс (Turkish Airlines) исто така соопшти дека редовните летови за градовите Сулејманија и Ербил нема да се одвиваат денеска од 18 часот по локално време.
Наведоа дека таквата одлука ќе остане на сила се додена не биде донесена нова одлука за редовни летови за спомнатите градови на северот на Ирак.
Ваквите потези следуваа во растот на тензиите помеѓу централната влада во Багдад и Курдската регионална управа на северот на Ирак, која и покрај бројните предупредувања на 25 септември одржа нелегитимен референдум за независност.
На нелегитимниот референдум му се спротистави поголемиот дел на меѓународната заедница, а многу земји предупредија дека гласањето би можело дополнително да го дестабилизира регионот и да ја ослабне борбата против ДЕАШ која е во тек.