Hülya Çorakçı Ertan
29 Септември 2017•Ажурирај: 29 Септември 2017
ЧАНАКАЛЕ (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, зборуваше за терористичката организација ФЕТО, и порача дека околу лидерот на организацијата, Фетулa Ѓулен, има факултетски образовани луѓе и учители, кои се во состојба да се степаат за парчето леб што останало зад него, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим претстојуваше во западниот турски град Чанаккале, на церемонијата по повод почетокот на академската година на Универзитетот „18 март“.
Во оваа пригода, тој се осврна на борбата против терористичката организација ФЕТО.
„Погледнете го човекот (Фетула Ѓулен) кој нема искуство, без диплома, околу него се вртат факултетски образовани луѓе, професори. Тие се во состојба да се степаат за да дојдат до парчето леб што останало зад него (Ѓулен). Дали такво нешто е, воопшто, возможно? Бог ни дал разум. Тој ни даде способност за расудување. Имаме вера. Ние ќе веруваме, но нема да дозволиме нашата вера да биде искористена и злоупотребена, ниту ќе ги продаваме нашите вредности на одредени злонамерни организации“, рече премиерот Јилдирим.
Тој изјави дека Европската Унија конечно треба да ја одреди својата визија и дека таа не ѝ е неопходна на Турција.
„Очекуваме од Европската Унија конечно да ја одреди својата визија за иднината. Каде сакате да одите и со кого сакате да одите. Вие не сте ѝ неопходни на Турција, Турција е вашата најголема придобивка. Од зачленувањето на Турција во овој систем, Европа ќе има поголем бенефит отколку Турција“, рече Јилдирим