Burak Dağ
08 Септември 2020•Ажурирај: 09 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Турските сили лансираа нова антитерористичка операција во источната област Ван, соопшти турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се вели дека операцијата „Јилдирим -10“ била започната со цел комплетно елиминирање на сепаратистичката терористичка организација ПКК и неутрализирање на оние што се засолнуваат во регионот.
„Околу 1.040 лица на безбедносниот персонал, вклучително и сили од специјалните операции на жандармеријата, полицијата и безбедносните чувари, учествуваат во операцијата“, се додава во соопштението.
На 3 септември беше започната операцијата „Јилдирим-9“ со цел неутрализирање на терористите на ПКК во регионот.
„Најмалку 46 терористи се неутрализирани и 26 соработници заробени, 90 пештери, засолништа и складишта уништени, а голем број оружје, муниција и други залихи се запленети во операциите на Јилдирим до денес“, соопшти Министерството.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.