Murat Temizer
08 Септември 2020•Ажурирај: 09 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез, денес соопшти дека Турција на 3 септември остварила најголемо производство на електрична енергија на дневна основа, како и најголема потрошувачка за еден час, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Потсетувајќи дека е срушен дневниот рекорд на производство на електрична енергија со произведени над милијарда киловат часови, Донмез рече дека со рушењето на рекордите во производството, Турција продолжува со својот раст и напредок.
Според објавата на Донмез на Твитер, Турција на 3 септември произвела 1.007.331.000 киловат часови електрична енергија, што е најголемо производство во нејзината историја.
Претходниот рекорд беше регистриран на 2 август 2018 година и изнесуваше нешто повеќе од една милијарда и шест милиони киловат часови.
Најголемата потрошувачка за еден час исто така е регистрирана на 3 септември, кога во 14:00 часот е остварена најголемата вредност со потрошувачка од 49.556.000 киловат часови.