Şerife Çetin
08 Септември 2020•Ажурирај: 09 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, оствари средба со претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија, Салих Мурат, на која ја искажа континуираната поддршка на Турција за народот на Северна Македонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека во просториите на Министерството за надворешни работи на Турција имал средба со претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија, Салих Мурат, и со Ајдоган Адемоски, претседателот на Македонско-турската стопанска комора.
Чавушоглу во објавата наведе дека на средбата станало збор за билатералните односи, а во исто време договорено е зголемување на солидарноста меѓу двете земји во врска со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).
На крајот министерот Чавушоглу истакна: „Нашата поддршка за пријателскиот народ на Македонија ќе продолжи.“