Sarp Özer
20 Септември 2017•Ажурирај: 21 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Вооружените сили на Република Турција извршија воздушни напади на камповите на терористичката организација ПКК во Зап и во Авасин-Басјан во северен Ирак. Во нападите беа уништени терористички засолништа и складиште за муниција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Генералштабот на турската војска се вели дека безбедносните сили продолжуваат со акциите против сепаратистичката терористичка организација ПКК во северен Ирак.
Нападите се извршени доцна синоќа, во регионот на Зап и Авасин-Басјан, при што авионите на турските воздухопловни сили уништија објекти што терористите на ПКК ги користеа како засолништа и складишта за муниција.