Sarp Özer
10 Август 2021•Ажурирај: 15 Август 2021
АНКАРА
Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акaр, денес престојуваше во официјална посета на Пакистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Акар, кој пристигна во пакистанската престолнина Исламабад во официјална посета, се очекува да се сретне со пакистанскиот министер за одбрана, Первез Хатак, со министерката за одбрана и производство, Зобаида Џалал, и со началникот на Армијата, генерал Камар Џавед Бајва.
Акар ќе разговара за билатералната соработка во областа на војската, безбедноста и одбраната, како и за регионалните прашања и најновите случувања во Авганистан.