Merve Berker
26 Октомври 2022•Ажурирај: 27 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Безбедносни сили неутрализираа двајца терористи на ПКК/ЈПГ во северна Сирија, соопшти денеска Министерството за национална одбрана на Туркије, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите, кои планирале напад врз турски војници, се неутрализирани во зоната на операцијата „Извор на мирот““, се вели во соопштението на Министерството.
Од 2016 година Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 лица, меѓу кои жени, деца и доенчиња.