Sarp Özer
22 Јули 2016•Ажурирај: 23 Јули 2016
АНКАРА (АА) - По обидот за државен удар во Турција, кој го изврши терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, на зградата на Генералштабот на турските вооружени сили во Анкара, денес се појави голем транспарент, а на него пишува: „Војската и народот рамо до рамо” и „Суверенитетот му припаѓа на народот”, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на обидот за воен удар, Генералштабот на турските вооружени сили накратко беше под контрола на офицерите-пучисти. Началникот на Генералштабот, генералот на армијата Хулуси Акар и другите команданти беа земени како заложници.
По обидот за државен удар, по наредба на генералот на армијата Хулуси Акаар, на зградата на Генералштабот поставено е големо државно знаме на Турција и голем транспарент на кој пишува: „Војската и народот рамо до рамо“ и „Суверенитетот му припаѓа на народот“.
Во обидот за државен удар во Турција загинаа 246 лица, а ранети се преку 1.500.