Selçuk Acar
30 Јули 2016•Ажурирај: 31 Јули 2016
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Советот за безбедност на Обединетите нации (VSUN) со мнозинство гласови го прифати предлогот на законот кој предвидува праќање на полициски сили во Бурунди, јавува Anadolu Agency (AA).
Предлог законот го подготви Франција а прифатен е во Советот за безбедност на ОН. Предлогот предвидува испраќање на полициски сили во набљудувачка мисија со цел заштита на човекови права и безбедноста во Бурунди.
Со прифаќањето на предлогот на одлуката во престолнината на оваа земја Бујумбруру ќе бидат испратени 228 полицајци. Францускиот постојан претставник во ОН Франсис Делатре, кој го подготви предлогот на одлуката, рече дека е потребно да се отворат очите и ушите кога е во прашање насилството и напатноста во Бурунди.
Предлог законот според неговите зборови е силен чин на превентивната дипломатија. Во Бурунди од минатата година до денес загинаа околи 500 лица, а поради судирите повеќе од 200.000 луѓе ги напуштија своите домови.