Hasan Esen
30 Јули 2016•Ажурирај: 31 Јули 2016
БРИСЕЛ (АА) – Во Белгија се приведени двајца браќа осомничени поради можна подготовка за напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Сојузното обвинителство на Белгија, во врска на борбата против тероризмот, полицијата извршила претрес на седум куќи во градот Монс, и една во Лиеж.
Во истрагата не беа пронајдени оружје и експлозиви, додека браќата Нуредин Х. и Хамза Х. беа приведени.
Браќата биле осомничени поради можна подготовка за напад во Белгија. Осомничените ќе бидат одведени на суд.
На 22 март во Белгија загинаа 32 лица во терористички напад, кој се случи на аеродромот и метро станицата во Брисел.