Mesut Zeyrek
08 Август 2016•Ажурирај: 09 Август 2016
КЕЛН (АА) – МЕСУТ ЗЕЈРЕК
Германскиот народ спротивно политичарите, реагираше на обидот на ФЕТО за државен удар, на 15 јули во Турција, и застана на страна на демократијата, јавува Anadolu Agency (AA).
На уличниот фестивал Дојц, организиран во градот Келн, Германија, Германците за дописникот на АА изјавија дека државните удари се неприфатливи, каде и да е во светот, и дека најдобар живот е демократскиот.
Пензионираниот полицаец Детлеф Ланге изјави: „Да се преземе власта во државата со употреба на оружје од страна на воен режим, тоа е неприфатливо во која и да е држава. Најдобар тип на управување е народот да живее заедно во демократија“.
Ланге му честиташе на турскиот народ што во ноќта на државниот удар покажа јунаштво против пучистите. Исто така, тој истакна дека Турција и Германија, чии народи се пријателски, би можеле да дојдат до помоќна политичка и економска соработка во насока заедничките интереси, водејќи заедничка соработка.
Луис Калеро, кој живее во Келн, истакна дека како што е непрафитлив обидот за државен удар во Турција, така не треба да бидат поддржувани обидите за државен удар и во другите држави на светот.
Калеро посочи на важноста на личните права и слободи, слободата на печатот, слободата на религиите и расите за заедничкиот живот и нагласи дека без да се гледа кој од која држава е или кој јазик го зборува, секој треба да живее во мир и заедништво. Исто така, Калеро нагласи дека се надева оти Турција, која ја гледа како пријателска земја, колку што е можно поскоро ќе ги надмине овие тешкотии и ќе се врати во нормала.
Студентот Ханс Хум вели дека никогаш нема да поддржи настан во кој под закана со оружје се прави обид за преземање на власта на која била држава на светот. „Никако не го одобрувам обидот на пучистите за државен удар во Турција и се надевам дека повеќе нема да се случуваат настани од овој тип“, рече тој.
По обидот за државен удар, кон Турција не беа упатени очекуваните демократски пораки и пораки за поддршка од страна на германските политичари. Германскиот прес, пак искривувајќи ги настаните, покажа став дека ги поддржува пучистите.