Zehra Ulucak
08 Август 2016•Ажурирај: 10 Август 2016
МЕКСИКО (АА) – Во покраините Пуебло и Веракруз, Мексико, од влијанието на тропската бура Ерл настанаа лизгања на земјиште и кал, во кои 39 лица ги загубија своите животи, јавува Anadolu Agency (AA).
Координаторот на националната цивилна заштита, Луис Фелипе Пуенте, за Форо ТВ изјави дека најмногу загинати, 25 лица, има во градот Хуачинанго, кој се наоѓа во провинцијата Пуебло.
Исто така, тој изјави дека загинале три лица и во Тлаола, кој се наоѓа во истата провинција (Пуебло).
Градоначалникот на Хуаичинанго, Габриел Алвардо, изјави дека од оштетата предизвикана од обилните дождови, најмалку 200 лица биле погодени, и рече: „Ова е трагедија за нашиот народ во Хуаичинанго“.
Гувернерот на провинцијата Веракруз, Хавиер Дуарте де Коскоматепес, истакна дека при лизгање на кал загинале 11 лица.
Надлежните на Федералниот транспорт истакнаа дека обилните дождови коишто започнаа да имаат големо влијание во државата станаа причина да биде затворен еден од главните патишта што го поврзува Мексико, и додаде дека во областа за 24 часа имало врнежи како за едномесечен период.
По намалувањето на влијанието на бурата Ерл во државата, се очекува новата бура Хавиер што се појави на бреговите на Пацификот да го зафати полуостровот Долна Калифорнија (Baja California).
Надлежните го предупредија населението да внимава на поплавите и на лизгањата на земјиштето коишто ќе бидат предизвикани од обилните дождови од бурата Хавиер.