Aybala Arpacı
08 Август 2016•Ажурирај: 08 Август 2016
ВАШИНГТОН (АА) – Турските граѓани кои живеат во главниот град на САД, Вашингтон, и во околината на градот, заедно со група луѓе формирана од американски државјани од различни нации, пријатели на Турција, одржаа „Демократски митинг против ударот“ пред Белата куќа, јавува Anadolu Agency (AA).
Митингот кој беше организиран од страна на турско-американскиот управен комитет (TAСЦ), под својот покрив собра речиси 150 турско-американски организации во САД. Присуствуваа речиси 1.000 турски граѓани кои живеат во Вашингтон, Вирџинија, Мариленд и во Њу Џерси.
Исто така, на митингот беа присутни американски муслимани од различни нации и повеќе Американци – пријатели на Турција.
Граѓаните носеа турски знамиња, но и транспаренти со слогани како „Фетула Ѓулен убиец“, „Стој исправено, не наведнувај се, народот е со тебе“, „Загинатите херои не умираат“.
Претставниците на трите турски партии во САД, на митингот одржаа по еден говор. Турскиот народ жртвувајќи го животот се спротистави на крвавиот обид за удар, кој беше извршен против народот, демократијата, независноста, слободната волја, Парламентот – избран со волјата на народот и против претседателот на државата – беше истакнато во говорот.
Координаторот за комуникација на турско-американскиот управен комитет (TAСЦ), Мустафа Тунџер, го окарактеризира државниот удар како еден терористички напад со оглед на неговото организирање, движење, функционирање и средствата што беа употребени.
Тунџер бараше колку што е можно поскоро да биде испорачан организаторот на обидот за удар, лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, и се обрати на американските власти:
„Ние како Турци што живеат во САД и како пријатели на Турција, бараме припадниците на ФЕТО и Фетула Ѓулен, кои направија обид за државен удар против моќниот сојузник на САД и членка на НАТО, Турција, да бидат испорачани на турскиот судски систем. Веруваме дека американските надлежни органи нема да ја остават Турција сама во оваа борба за заштита на демократијата. Ние како Турци во САД и како пријатели на Турција, од претседателот на САД, сенатот и од судските органи бараме испораката на непријателот на демократијата, Фетула Ѓулен, да не биде пролонгирана со бирократскиот процес и бараме САД јасно да ѝ покаже на јавноста дека стои зад Турција, а не зад Ѓулен“.
- „Република Турција не е сама во САД“ -
Од друга страна, и турскиот амбасадор во САД, Сердар Килич, дојде на митингот и им се благодари на граѓаните за присуството.
Килич, за дописникот на АА изјави дека и турските граѓани во САД, исто како во Јеникапи, ги оставиле своите политички погледи настрана и за Турција се собрале пред Белата куќа.
„Република Турција не е сама ни во САД“, рече Килич.
„Навистина сериозно решивме да покажеме единство и солидарност по 15 јули, меѓу нашите граѓани има сериозен сојуз на срцата. Видовме на митингот организиран во Јеникапи, Истанбул, како и оние во другите градови. Сите граѓани беа на страната на Турција, на страната на демократијата, политичките и верските разлики, етничката припадност беа ставени настрана. Тие покажаа решителност. Исто така, собирот организиран тука, пред Белата куќа во Вашингтон треба да се гледа на ист начин“.
Килич изјави дека посакуваат екстрадицијата на лидерот на ФЕТО, Ѓулен, да се спроведе колку што е можно поскоро.
„На американските власти им беа доставени потребните документи. Во оваа насока, тие ја продолжуваат нивната работа во соработка со нас. Во текот на идните денови, делегации од тука ќе ја посетат Турција, а турски делегации ќе дојдат кај нас. Посакувам и се надевам дека овој процес ќе најде решение во прилог на очекувањата на народот на Турција“, рече Килич.