Zülfiya Yakup
08 Март 2016•Ажурирај: 09 Март 2016
ПРИШТИНА (АА) - Висока турска Царинска делегација, предводена од директорот Џенап Ашчи, кој од вчера престојува во Косово, денеска ја посети Дирекцијата за Царина на Косово, во Приштина, јавува Anadolu Agency (AA).
Ашчи во разговор со директорот на Царинската управа на Косово, Лулзим Рафун, изјави дека е среќен што гледа позитивен развој на косовското општество.
„Сакам уште еднаш да нагласам дека ние сме среќни што од ден на ден ја гледаме изградбата и развојот на Косово. Од културен и историски аспект, нашите две земји се братски и сакаме тие односи да се развиваат во областа на трговијата, што е еден од нашите приоритети”, рече Ашчи.
Тој вети дополнителна помош од турската држава, не само во образованието и обуката на косовските службеници, туку и во процесот на членство на Косово во меѓународните институции.
„Турската царина ќе помогне и ќе го поддржи членството на Косово во меѓународните организации и во Светската царинска организација”, рече Ашчи.