Yıldız Nevin Gündoğmuş
02 Април 2016•Ажурирај: 03 Април 2016
АНКАРА (АА) - Турските гранични сили фатија 318 лица од Сирија, Иран и Ирак кои на нелегален начин се обиделе да влезат во Турција, јавува Anadolu Agency (АА).
На веб-страницата на турскиот Генералштаб се вели дека во петокот од Сирија преку илегални канали во Турција се обиделе да влезат 251 лица. Спречени се и 60 лица од Ирак и седум од Иран.
Во Егејското Море се фатени 145 лица кои се обиделе да преминат од Турција во Грција. Турските сили, исто така, спасиле 79 лица кои со гумен чамец се обиделе да преминат во Грција.
Во бегство од војната и сиромаштијата кои ги погодија Сирија, Авганистан, Ирак и другите земји во регионот, бегалци кон Европа одат исклучително по опасен пат кои тие го нарекуваат "патот на надежта", а една од најефективните мигрантски рути е токму Егејското Море.